НАШАТА ПРИКАЗНА
Пчеларската фарма БЕЌАРОВИ е основена 1995 година од фамилијата БЕЌАРОВИ. Од тогаш па се до денес пчеларството во оваа фамилија е главна допонителна дејност и се предава на секоја нова генерација.

НАША МИСИЈА
Нашата мисија е одржливо управување со пчелините колонии, со цел создавање на хармоничен однос помеѓу пчелите, пчеларите и животната средина. Ние сме посветени на етички практики кои не само што создаваат висококвалитетен мед, туку и придонесуваат кон подобрување на локалниот екосистем.
Наша цел е со здрави пчеларски практики да придонесиме кон подобро опрашување на локалната флора, подобрување на локалниот биодиверзитетот и да ја запознаеме локалната заедница за суштинската улога на пчелите во нашиот свет.
НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
Нашата пчеларска фарма се наоѓа во срцето на Кожуф планината, високо на 500 метри надморска височина, каде чистата природа доминира без присуство на загадување. Овде, пчелите собираат нектар во идеални услови - под медитеранското сонце, обогатено со освежувањето на планинскиот воздух.
Таквата уникатна комбинација на клими ни овозможува да произведеме мед од највисок квалитет, полн со вкусовите и аромите на Кожуфските цветови.
нашиот тим
Со три децении искуство и посветеност, семејството Бекарови го одржува долгогодишното наследство на пчеларство. Оваа традиција, пренесувана од колено на колено, е срцевината на нивната мисија да произведуваат премиум квалитет на мед, додека ги заштитуваат пчелите и природата.
Секој производ со нашето семејно име носи историја на вредности, одржливост и чиста љубов кон пчелите.
нашиот пчеларник
Нашата пчеларска фарма се наоѓа во срцето на Кожуф планината, високо на 500 метри надморска височина, каде чистата природа доминира без присуство на загадување. Овде, пчелите собираат нектар во идеални услови - под медитеранското сонце, обогатено со освежувањето на планинскиот воздух.
Таквата уникатна комбинација на клими ни овозможува да произведеме мед од највисок квалитет, полн со вкусовите и аромите на Кожуфските цветови.
НАШИ ПРОИЗВОДИ
Во нашата online продавница можете да направите нарачка
































